Нов Завет

Дела 21:5-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. А кога изминаа деновите, излеговме и тргнавме на пат, а сите нѐ испраќаа со жените и децата сѐ до крајот од градот. На брегот, пак, паднавме на колена и се помоливме.

6. И штом се простивме еден со друг, влеговме во коработ, а тие се вратија дома.

7. А ние го завршивме пловењето од Тир и стигнавме во Птолемаида. Таму ги поздравивме браќата и кај нив ос­та­навме еден ден.

8. Утредента, Павле и ние кои бевме со него, отпатувавме и дојдовме во Кеса­рија. Таму влеговме во куќата на Филип благовесникот, кој беше еден од седуммината ѓакони, и останавме кај него.

9. Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа.

10. Ние престојувавме кај нив многу дни. Тогаш од Јудеја слезе еден пророк, по име Агав;

11. и кога дојде кај нас, го зеде Пав­ло­виот појас, па ги врза рацете свои и но­зете и рече: „Тоа го вели Духот Свети; така ќе го врзат Јудејците во Ерусалим оној маж, на кого што му припаѓа овој појас, и ќе го предадат во рацете на нез­набошците.“

12. Штом го чувме тоа, и ние и та­мош­ните го молевме да не се качува во Еру­салим.

13. Но Павле одговори: „Што правите, та плачете и го нажалувате срцето мое? Јас сум готов не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим за името на Господ Исус.“

14. А бидејќи тој не се премисли, ние замолкнавме и рековме: „Нека биде волјата Господова!“

Прочитајте целосна глава Дела 21