Нов Завет

Дела 21:11-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. и кога дојде кај нас, го зеде Пав­ло­виот појас, па ги врза рацете свои и но­зете и рече: „Тоа го вели Духот Свети; така ќе го врзат Јудејците во Ерусалим оној маж, на кого што му припаѓа овој појас, и ќе го предадат во рацете на нез­набошците.“

12. Штом го чувме тоа, и ние и та­мош­ните го молевме да не се качува во Еру­салим.

13. Но Павле одговори: „Што правите, та плачете и го нажалувате срцето мое? Јас сум готов не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим за името на Господ Исус.“

14. А бидејќи тој не се премисли, ние замолкнавме и рековме: „Нека биде волјата Господова!“

15. Откако изминаа деновите се подготвивме за пат и се искачивме во Еру­салим.

16. Со нас дојдоа и некои ученици од Кесарија, кои нѐ одведоа кај некој си Мнасон, од Кипар, ученик од самиот почеток. Кај него требаше да престојуваме на гости.

17. Кога пристигнавме во Ерусалим, браќата нѐ примија со радост.

18. На вториот ден Павле влезе со нас кај Јаков; дојдоа и сите старешини.

19. И откако ги поздрави, Павле им раскажа сѐ по ред што направил Бог меѓу незнабошците преку неговата служба.

20. А тие, кога слушнаа, Го славеа Бога и му рекоа: „Гледаш, брате, колку де­се­тици илјади Јудејци поверуваа, и сите тие станаа ревносни приврзаници на За­конот.

21. А за тебе многу им е зборувано дека ги учиш сите Јудејци, кои се меѓу незнабошците, да отстапуваат од Мој­сеј, велејќи им да не ги обрезуваат чеда­та свои, и да не постапуваат по оби­ча­ите.

22. И што да се прави сега? Бездруго ќе дојде многу народ, зашто ќе слушнат дека си дошол.

23. Направи, пак, што ти велиме: кај нас има четворица мажи, кои се под завет.

Прочитајте целосна глава Дела 21