Нов Завет

Дела 19:5-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Кога го слушнаа тоа, тие се крстија во името на Господа Исуса.

6. И кога Павле ги положи рацете над нив, слезе Духот Свети на нив. Тогаш тие почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат.

7. А вкупно беа околу дванаесет души.

8. Потоа Павле влезе во синагогата, и тука три месеци смело проповедаше и расправајќи ги уверуваше за царството Божјо.

9. Но, бидејќи имаше некои жестоки противници на верата, кои говореа ло­шо за патот Господов пред народот, Павле се оддели од нив, ги одвои уче­ни­ците и секојдневно расправаше во учи­лиштето на некој си Тиран.

10. Тоа траеше цели две години, така што сите жители на Азија, како Јудејците, така и Елините, можеа да го слу­шаат словото за Господ Исус.

11. А Бог правеше многу чудеса преку рацете Павлови,

12. така што врз болните полагаа крпи и шамивчиња за пот, што го беа доп­ре­ле неговото тело, и болестите ги на­пуштаа, а злите духови излегуваа од нив.

13. Некои, пак, од Јудејците кои лутаа наоколу и ги истеруваа злите духови, се обидоа да го повикаат името на Господ Исуса над оние кои беа обземени со де­мони, и велеа: „Ве заколнуваме во Исус, Кого Го проповеда Павле!“

14. Тоа го правеа седумте синови на јудејскиот првосвештеник Скева.

15. А лошиот дух одговори и рече: „Исус Го познавам и Павле го знам; но кои сте вие?“

16. И скокна на нив човекот, во кого имаше лош дух, и, откако ги совлада, покажа против нив таква сила, што тие, го­ли и ранети, побегнаа од таа куќа.

17. За тоа разбраа сите Јудејци и Ели­ни, кои живееја во Ефес, и сите нив ги спопадна страв; и името на Господа Исуса се величаше.

18. И многумина од верниците доаѓаа, та се исповедуваа и ги откриваа своите дела.

19. А мнозина од оние, кои правеа ма­гии, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите; дури ја пресметаа и нивната цена и најдоа дека чинат до педесет ил­јади сребреници.

20. Така моќно растеше и се засилува­ше словото Господово.

21. А кога се сврши тоа, Павле науми, откако ќе ја мине Македонија и Ахаја, да оди во Ерусалим, па рече: „Штом ќе бидам таму, ќе треба да го видам Рим.“

22. И прати во Македонија двајца свои прислужници – Тимотеј и Ераст, а сам остана извесно време во Азија.

Прочитајте целосна глава Дела 19