Нов Завет

Дела 19:30-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

30. А кога Павле сакаше да влезе меѓу народот, учениците не го пуштија.

31. Исто така и некои од азиските на­чал­ници, бидејќи му беа пријатели, ис­пратија кај него и го молеа да не се појавува во театарот.

32. И така, едни извикуваа едно, други – друго; зашто меѓу насобраните вла­дееше безредие, и повеќето од нив не знаеја за што се беше собрал народот.

33. По предлог на Јудејците беше из­ви­кан меѓу народот Александар. Алек­сан­дар даде знак со рака, сакајќи да одржи одбрамбен говор пред народот.

34. Но кога дознаа дека е Јудеец, сите извикаа во еден глас и почнаа да викаат околу два часа: „Велика е Артемида Ефеска!“

35. А градскиот писар, кога го смири народот, рече: „Луѓе ефесци, кој човек не знае дека градот Ефес е чувар на ве­ликата божица Артемида и нејзиниот кип паднат од небото?

36. Штом е тоа, пак, неспорно, вие тре­ба да бидете мирни и да не правите ништо непромислено.

37. А вие сте ги довеле овие луѓе, кои ниту храмот на Артемида го ограбиле, ниту, пак, божицата ваша ја хулат.

38. Ако, пак, Димитриј и занаетчиите, што се со него, имаат нешто против некого, за тоа постојат судски собири, а има и проконзули: нека се тужат едни со други.

Прочитајте целосна глава Дела 19