Нов Завет

Дела 19:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Додека Аполос беше во Коринт, Павле откако мина низ горните земји, дојде до Ефес. Таму сретна некои ученици,

2. и им рече: „Кога поверувавте, при­мив­те ли Дух Свети?“ А тие му одгово­рија: „Ние не сме ни слушнале дека има Дух Свети.“

3. Тој им рече: „А како бевте крс­те­ни?“ Тие одговорија: „Со Јовановото крштение.“

4. Павле рече: „Јован крштеваше со покајно крштевање, велејќи му на наро­дот да верува во Оној, Кој иде по него, односно во Исус Христос.“

5. Кога го слушнаа тоа, тие се крстија во името на Господа Исуса.

6. И кога Павле ги положи рацете над нив, слезе Духот Свети на нив. Тогаш тие почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат.

7. А вкупно беа околу дванаесет души.

Прочитајте целосна глава Дела 19