1. Додека Аполос беше во Коринт, Павле откако мина низ горните земји, дојде до Ефес. Таму сретна некои ученици,
2. и им рече: „Кога поверувавте, примивте ли Дух Свети?“ А тие му одговорија: „Ние не сме ни слушнале дека има Дух Свети.“
3. Тој им рече: „А како бевте крстени?“ Тие одговорија: „Со Јовановото крштение.“
4. Павле рече: „Јован крштеваше со покајно крштевање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој иде по него, односно во Исус Христос.“