Нов Завет

Дела 18:2-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. Тука сретна еден Јудеец, по име Акила, родум од Понт, кој неодамна дошол од Италија со жена си Прискила, зашто Клавдиј нареди сите Јудејци да го напуштат Рим. Тој дојде кај нив.

3. И бидејќи го имаше истиот занает, остана кај нив и работеше. А занаетот им беше да прават шатори.

4. И секоја сабота тој зборуваше во си­нагогата и ги убедуваше Јудејците и Елините.

5. А кога Сила и Тимотеј пристигнаа од Македонија, Павле беше поттикнат да сведочи пред Јудејците дека Исус е Христос.

6. Но, бидејќи тие се противеа и хулеа, тој ги истресе алиштата и им рече: „Крвта ваша – на главите ваши! Јас сум чист. Отсега одам кај незнабошците.“

7. И штом замина оттаму, дојде слугата на некој си човек по име Титиј Јуст, кој Го почитуваше Бога, и чија куќа бе­ше до синагогата.

8. А Крисп, началник на синагогата, поверува во Господ заедно со целиот свој дом; и мнозина Коринтјани, слу­шајќи го Павле, поверуваа и беа крс­тени.

9. И му рече Господ на Павле во видение ноќе: „Не плаши се, туку продолжи да зборуваш и не замолкнувај,

10. зашто Јас сум со тебе, и никој не ќе посегне да ти направи зло, бидејќи имам многу народ во овој град.“

Прочитајте целосна глава Дела 18