Нов Завет

Дела 18:18-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. Откако помина таму уште многу време, Павле се прости со браќата и отплови за Сирија заедно со Акила и Прискила, откако ја острига главата во Кенхреја, бидејќи беше дал завет.

19. Кога пристигна во Ефес, ги остави нив таму, а сам тој влезе во синагогата да расправа со Јудејците.

20. А кога тие го замолија да остане кај нив подолго време, тој не се согласи,

21. туку се прости со нив и рече: „Бездруго празникот што иде треба да го поминам во Ерусалим. Ако даде Бог, пак ќе дојдам кај вас.“ И отплови од Ефес. И Акила и Прискила останаа та­му.

22. Кога слезе во Кесарија, отиде во Ерусалим да ја поздрави црквата и по­тоа замина за Антиохија.

23. Откако престојуваше таму некое време, тргна на пат и ги обиколи по ред пределите на Галатија и Фригија и ги утврдуваше сите ученици.

24. И дојде во Ефес некој си Јудеец, по име Аполос, родум од Александрија. Тој беше красноречив човек, упатен во Писмата.

25. Беше поучен во патот Господов и со распламнат дух, зборуваше и поучу­ва­ше правилно за Господ, иако знаеше са­мо за Јовановото крштение.

26. Тој почна да зборува смело во сина­го­гата. Кога го слушнаа Акила и Прис­кила, го примија кај нив и му го изло­жија патот Господов поточно.

27. А кога тој сакаше да замине за Ахаја, браќата се обратија со писмо до тамошните ученици, за да го примат; и тој кога стигна таму, многу им помогна на верниците преку благодатта,

Прочитајте целосна глава Дела 18