Нов Завет

Дела 17:24-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. Бог, Кој го создаде светов и сѐ, што е во него; Тој, Кој е Господ на небото и на земјата, не живее во ракотворени храмови,

25. ниту, пак, прима служба од човечки раце како да има потреба од нешто, но Сам на сите им дава живот, здив и сѐ.

26. Од една крв го создаде сиот род човечки за да живее по целото лице на земјата, откако утврди предопределени времиња и граници на нивните живе­алишта,

27. за да Го бараат Господа, та да би можеле некако да Го насетат и најдат, иако Тој не е далеку од секого меѓу нас:

28. зашто ние преку Него живееме, се движиме и постоиме, како што рекле и некои од вашите стихотворци: ,Негов род сме.‘

29. И така, бидејќи род Божји сме, не треба да мислиме дека Божеството при­ле­га на злато, или сребро, или камена творба што излегла од човечки ум и из­мислица.

30. Бог, пак, не осврнувајќи се на вре­мињата на незнаење, сега редум им заповеда на сите луѓе да се покаат,

31. зашто определи ден кога праведно ќе му суди на светот преку одредениот од Него Човек, откако ги увери сите со Неговото воскресение од мртвите.“

32. Кога чуја за воскресението од мрт­вите, едни се насмеаја, а други рекоа: „Другпат сакаме да послушаме за тоа.“

33. И тогаш Павле си отиде од нив.

Прочитајте целосна глава Дела 17