Нов Завет

Дела 17:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Минувајќи преку Амфипол и Аполонија, дојдоа во Солун, ка­де што имаше јудејска синагога.

2. Павле, по својот обичај, влезе кај Јудејците и три саботи по ред им збору­ва­ше од Писмото.

3. Тој им објаснуваше и докажуваше дека Христос требаше да пострада и да воскресне од мртвите и дека овој Исус, Кого тој им Го проповеда, е Христос.

4. И некои од нив поверуваа и се при­соединија кон Павле и Сила, – големо мнозинство богобојазливи Елини, а исто така и не малку угледни жени.

5. Но некои од Јудејците што не поверуваа, поттикнати од завист, зедоа некои лоши луѓе од пазарите, се насоб­раа по групи и го разбунтуваа градот. Потоа ја нападнаа Јасоновата куќа и почнаа да ги бараат за да ги изведат пред народот.

6. А бидејќи не ги најдоа, го изведоа Јасон и некои браќа пред градските на­чалници и викаа дека оние што го по­бу­ниле целиот свет сега дошле и тука, де­ка нив

7. ги прибрал Јасон, а сите тие пос­та­пуваат против заповедите на царот, из­јавувајќи дека има друг цар – Исус.

8. Така го вознемирија народот и градските началници, кои го слушаа тоа.

9. Но тие, откако добија залог од Јасон и од другите, ги пуштија.

Прочитајте целосна глава Дела 17