Нов Завет

Дела 16:35-39 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

35. А кога осамна, војводите пратија судски служители, кои рекоа: „Пушти ги оние луѓе!“

36. Затворскиот стражар му соопшти за тоа на Павле: „Градските судии пра­тија да ве ослободам. Затоа, излезете сите и одете си со мир!“

37. Но Павле им рече: „Зарем откако нас, римски граѓани, нѐ биеја пред на­ро­дот без суд и нѐ фрлија в затвор, са­каат сега тајно да нѐ пуштат? Не, нека дојдат и сами нека нѐ изведат!“

38. Градските служители им го кажаа тоа на градските судии; а тие се упла­шија, кога слушнаа дека се тие римски граѓани.

39. И дојдоа, па се извинија пред нив, ги изведоа и ги замолија да излезат од гра­дот.

Прочитајте целосна глава Дела 16