Нов Завет

Дела 16:2-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. тој ученик беше на добар глас меѓу браќата во Листра и Иконија.

3. Павле посака да го земе со себе. Затоа откако го зеде, го обреза поради Јудејците, кои живееја по тие места; зашто сите знаеја дека татко му е Елин.

4. И додека минуваа низ градовите, тие им порачуваа на верните да пазат на од­редбите, определени од апостолите и старешините во Ерусалим.

5. И така, црквите се утврдуваа во ве­ра­та, а и по број се зголемуваа секој ден.

6. Така тие ги преминаа Фригија и Галатискиот крај, зашто ним не им бе­ше допуштено од Светиот Дух да го проповедаат словото во Азија.

7. А кога дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија; но Духот на Исус не ги пушти.

8. И кога ја напуштија Мизија, тие слегоа во Троада.

9. Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Ма­ке­до­нец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“

10. По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфа­тив­ме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието.

11. И така, откако отпловивме од Тро­ада, стигнавме право во Самотраки, а утредента – во Неапол,

12. и оттаму во Филипи. Тој е главен град во тој дел на Македонија и римска колонија. Во тој град престојувавме не­колку дена.

13. А во саботата излеговме надвор од градот покрај една река, каде што имаа обичај да се молат, и кога седнавме, им зборувавме на собраните жени.

14. И една богобојазлива жена од градот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле.

15. А кога беше крстена таа и нејзини­те домашни, нѐ замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!“ И нѐ принуди.

16. Еднаш, кога одевме на молитва, по патот нѐ сретна една слугинка, која имаше гатачки дух. Таа на господарите свои им донесуваше големи приходи од гатањето.

17. И одејќи по Павле и по нас другите викаше, зборувајќи: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог! Тие го навестуваат патот на спасението.“

Прочитајте целосна глава Дела 16