Нов Завет

Дела 15:4-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. А кога пристигнаа во Ерусалим, ги примија црквата, апостолите и ста­ре­шините, а тие известија за сѐ што на­прави со нив Бог и како ја отвори вратата на верата и за незнабошците.

5. Тогаш станаа некои од при­вр­за­ници­те на фарисеите, што беа поверувале, и зборуваа дека тие треба да се обрезува­ат, и да им се заповеда да го пазат За­ко­нот Мојсеев.

6. Апостолите и старешините се собраа да го разгледаат тоа прашање.

7. По долго расправање, стана Петар и им рече: „Луѓе браќа, вие знаете дека Бог од првите дни ме избра меѓу вас, незнабошците од мојата уста да го слушнат словото на Евангелието и да поверуваат;

8. и Бог, Кој ги познава срцата, им пос­ведочи, и им даде Дух Свети како и нам.

9. Тој не направи никаква разлика ме­ѓу нас и нив, зашто со верата ги очисти нивните срца.

10. Сега, пак, зошто Го искушувате Бо­га, ставајќи им на вратот на учениците јарем, што не можеа да го поднесат ни нашите татковци, ниту ние.

11. Но ние веруваме дека ќе се спасиме со благодатта на Исус Христос, исто ка­ко и тие.“

12. Тогаш замолкна сето мноштво и го слушаа Варнава и Павле, кои при­кажуваа какви знаци и чудеса направил Бог преку нив меѓу незнабошците.

13. А кога тие престанаа, тогаш проз­бо­ре Јаков и рече: „Мажи браќа, слуш­нете ме!

14. Симон изложи како Бог најнапред ги посети незнабошците, за да избере од нив народ за Неговото име;

Прочитајте целосна глава Дела 15