Нов Завет

Дела 15:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А некои луѓе слегоа од Јудеја, и ги подучуваа браќата: „Ако не се обрезете според обичајот Мојсеев, не може да бидете спасени!“

2. А бидејќи настана бунт, и Павле и Варнава жестоко се препираа со нив, одлучија Павле и Варнава и некои дру­ги од нив да отидат горе кај апостолите и старешините во Ерусалим заради оваа препирка.

3. Тие, пак, испратени од црквата, па­туваа низ Феникија и Самарија, и раскажувајќи за обраќањето на незна­бошците, предизвикуваа голема радост кај сите браќа.

4. А кога пристигнаа во Ерусалим, ги примија црквата, апостолите и ста­ре­шините, а тие известија за сѐ што на­прави со нив Бог и како ја отвори вратата на верата и за незнабошците.

5. Тогаш станаа некои од при­вр­за­ници­те на фарисеите, што беа поверувале, и зборуваа дека тие треба да се обрезува­ат, и да им се заповеда да го пазат За­ко­нот Мојсеев.

6. Апостолите и старешините се собраа да го разгледаат тоа прашање.

7. По долго расправање, стана Петар и им рече: „Луѓе браќа, вие знаете дека Бог од првите дни ме избра меѓу вас, незнабошците од мојата уста да го слушнат словото на Евангелието и да поверуваат;

8. и Бог, Кој ги познава срцата, им пос­ведочи, и им даде Дух Свети како и нам.

9. Тој не направи никаква разлика ме­ѓу нас и нив, зашто со верата ги очисти нивните срца.

10. Сега, пак, зошто Го искушувате Бо­га, ставајќи им на вратот на учениците јарем, што не можеа да го поднесат ни нашите татковци, ниту ние.

11. Но ние веруваме дека ќе се спасиме со благодатта на Исус Христос, исто ка­ко и тие.“

12. Тогаш замолкна сето мноштво и го слушаа Варнава и Павле, кои при­кажуваа какви знаци и чудеса направил Бог преку нив меѓу незнабошците.

Прочитајте целосна глава Дела 15