Нов Завет

Дела 11:3-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. велејќи: „Ти си бил кај необрезани луѓе и си јадел со нив.“

4. А Петар почна да им расправа за сѐ по ред, велејќи:

5. „Јас бев во градот Јопија, и, додека се молев, во занес здогледав видение: од небото слегуваше некаков сад, како не­кое платниште, врзано за четирите краишта, и дојде дури до мене.

6. Откако погледав во него и го разгле­дав, видов четириножни земни животни, ѕверови, влекачи и птици небески.

7. И чув глас што ми зборуваше: ‚Ста­ни Петре, заколи и јади!‘

8. Јас, пак, реков: ‚Не, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во устата моја.‘

9. А гласот од небото повторно прого­вори и рече: ‚Она што Бог го очистил, ти не го сметај за погано!‘

10. Тоа се повтори трипати; и пак се крена на небото.

11. И ете, во тој час застанаа тројца лу­ѓе, испратени кај мене од Кесарија.

12. А Духот ми рече да појдам со нив, без двоумење. Со мене дојдоа и овие шестмина браќа, и влеговме во куќата на оној човек.

13. Тој ни раскажа како видел ангел во куќата своја, кој застанал и му рекол: ‚Прати во Јопија луѓе и повикај го Си­мон, наречен Петар.

14. Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе бидеш спасен ти и целиот твој дом.‘

15. И кога почнав јас да зборувам, над нив слезе Духот Свети, како и над нас во почетокот.

16. Тогаш се сетив на зборовите Гос­по­дови: ‚Јован крштеваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Дух Свети.‘

17. Ако, Бог им даде еднаков дар, како и нам, кои поверувавме во Господа Исуса Христа, тогаш кој сум јас да Му се спротивставам на Бога?“

Прочитајте целосна глава Дела 11