Нов Завет

Дела 11:20-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

20. А некои од нив – Кипрани и Ки­ри­нејци, штом пристигнаа во Антиохија, почнаа да им проповедаат и на Ели­ни­те, навестувајќи го Евангелието на Гос­пода Исуса.

21. И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обратија кон Господа.

22. Веста за тоа дојде до ушите на црквата ерусалимска. И тогаш го испратија Варнава да оди во Антиохија.

23. А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и ги бод­реше сите да пребиваат во Господ со непоколебливо срце.

24. Тој беше добар човек и исполнет со Дух Свети и вера. И значително мнош­тво луѓе се припои кон Господ.

25. Потоа, Варнава тргна за Тарс да го бара Савле.

26. И кога го најде, го доведе во Анти­охија. И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа големо мноштво лу­ѓе. Во Антиохија за прв пат ги нарекоа учениците христијани.

27. А во тоа време слегоа од Ерусалим во Антиохија некои пророци.

28. И еден од нив, по име Агав, прет­скажа преку Духот дека по целата вселена ќе настане голем глад. И токму таква голема и настана во времето на царот Клавдиј.

29. Тогаш учениците решија, секој, колку што има, да испрати за поткрепа на браќата, што живееја во Јудеја.

30. Тоа го направија, така што го пра­тија собраното до старешините преку Варнава и Савле.

Прочитајте целосна глава Дела 11