Нов Завет

Дела 11:12-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. А Духот ми рече да појдам со нив, без двоумење. Со мене дојдоа и овие шестмина браќа, и влеговме во куќата на оној човек.

13. Тој ни раскажа како видел ангел во куќата своја, кој застанал и му рекол: ‚Прати во Јопија луѓе и повикај го Си­мон, наречен Петар.

14. Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе бидеш спасен ти и целиот твој дом.‘

15. И кога почнав јас да зборувам, над нив слезе Духот Свети, како и над нас во почетокот.

16. Тогаш се сетив на зборовите Гос­по­дови: ‚Јован крштеваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Дух Свети.‘

17. Ако, Бог им даде еднаков дар, како и нам, кои поверувавме во Господа Исуса Христа, тогаш кој сум јас да Му се спротивставам на Бога?“

18. Откако го ислушаа тоа, тие се успо­коија и Го прославуваа Бога, велејќи: „Значи и на незнабошците Бог им даде покајание за живот.“

19. А оние, што се беа распрснале по­ради гонењето до кое дојде по убиството на Стефан, стигнаа сѐ до Феникија, Кипар и Антиохија, и никому не му го проповедаа словото, освен на Јудејците.

20. А некои од нив – Кипрани и Ки­ри­нејци, штом пристигнаа во Антиохија, почнаа да им проповедаат и на Ели­ни­те, навестувајќи го Евангелието на Гос­пода Исуса.

21. И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обратија кон Господа.

22. Веста за тоа дојде до ушите на црквата ерусалимска. И тогаш го испратија Варнава да оди во Антиохија.

23. А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и ги бод­реше сите да пребиваат во Господ со непоколебливо срце.

24. Тој беше добар човек и исполнет со Дух Свети и вера. И значително мнош­тво луѓе се припои кон Господ.

25. Потоа, Варнава тргна за Тарс да го бара Савле.

26. И кога го најде, го доведе во Анти­охија. И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа големо мноштво лу­ѓе. Во Антиохија за прв пат ги нарекоа учениците христијани.

Прочитајте целосна глава Дела 11