Нов Завет

Дела 11:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Апостолите и браќата во Јудеја, слушнаа дека и незнабошците го примиле словото Божјо.

2. И кога Петар влезе во Ерусалим, обрезаните што беа со него го укорија,

3. велејќи: „Ти си бил кај необрезани луѓе и си јадел со нив.“

4. А Петар почна да им расправа за сѐ по ред, велејќи:

5. „Јас бев во градот Јопија, и, додека се молев, во занес здогледав видение: од небото слегуваше некаков сад, како не­кое платниште, врзано за четирите краишта, и дојде дури до мене.

6. Откако погледав во него и го разгле­дав, видов четириножни земни животни, ѕверови, влекачи и птици небески.

7. И чув глас што ми зборуваше: ‚Ста­ни Петре, заколи и јади!‘

8. Јас, пак, реков: ‚Не, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во устата моја.‘

9. А гласот од небото повторно прого­вори и рече: ‚Она што Бог го очистил, ти не го сметај за погано!‘

10. Тоа се повтори трипати; и пак се крена на небото.

11. И ете, во тој час застанаа тројца лу­ѓе, испратени кај мене од Кесарија.

12. А Духот ми рече да појдам со нив, без двоумење. Со мене дојдоа и овие шестмина браќа, и влеговме во куќата на оној човек.

Прочитајте целосна глава Дела 11