Нов Завет

3 Јован 1:2-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.

3. Многу се зарадував кога дојдоа бра­ќата и посведочија за твојата вистина – односно како ти одиш во вистината.

4. За мене нема поголема радост од тоа – да слушнам дека моите чеда одат во вистината.

5. Возљубен, ти постапуваш верно во сѐ што го правиш за браќата и гостите.

6. Тие ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш ако ги приготвиш пред Бога како што тре­ба.

7. Бидејќи поради Неговото име трг­наа, не земајќи ништо од незна­бошците.

8. Ние сме, пак, должни да примаме такви, за да станеме соработници со вистината.

9. Јас напишав неколку збора до Црк­вата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прими нас.

10. Затоа, ако дојдам, ќе му спомнам за делата негови што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е до­волно, туку браќата сам не ги прима, а им забранува да ги примаат и оние кои сакаат да ги примат, и ги гони од Цр­к­вата.

11. Возљубени, не угледувајте се на зло­то, туку на доброто. Кој добро чини, од Бога е; а кој прави зло, не Го видел Бо­га.

12. За Димитриј посведочија сите, па и самата вистина; а сведочиме, исто така, и ние; а вие знаете дека сведоштвото наше е вистинско.

13. Многу имав да ти пишувам, но не сакав да ти напишам со мастило и перо,

14. туку се надевам дека наскоро ќе те видам, и дека ќе позборуваме лице в ли­це.

15. Мир за тебе! Те поздравуваат прија­телите. Поздрави ги пријателите по име. Амин!

Прочитајте целосна глава 3 Јован 1