Нов Завет

2 Тимотеј 4:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И така, те заколнувам пред Бога и нашиот Господ Исус Христос, Кој ќе им суди на живите и мртвите, кога ќе дојде Тој и Неговото царство:

2. проповедај го словото, настојувај во погодно време и во невреме, укорувај, забранувај, советувај со голема долготрпеливост и поука.

3. Зашто ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но, водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот;

4. тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се свртат кон бајки.

5. Но ти во сѐ биди трезвен, претрпи зло, направи дело достојно на благовестител, службата своја исполнувај ја доб­ро!

6. Зашто јас веќе се изливам како жрт­ва леаница, а времето за моето за­ми­ну­вање настапи.

7. Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив.

8. Понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото појавување.

9. Погрижи се да дојдеш кај мене ско­ро!

10. Зашто Димас ме остави, бидејќи го засака сегашниот свет, и отиде во Со­лун; Крискент – во Галатија, Тит – во Далмација. Само Лука е со мене.

11. Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е нужен во службата!

12. А Тихик го пратив во Ефес.

13. Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката што ја оставив во Троада, кај Карп и книгите, а особено пергаментите.

Прочитајте целосна глава 2 Тимотеј 4