Нов Завет

2 Тимотеј 2:19-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

19. Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги познава Господ оние кои се Негови“ и „Да отстапи од неправда секој што го изговара името Господово!“

20. Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глинени; и едните се за почесна употреба, а другите за нечесна.

21. И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, приспособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело.

22. Одбегнувај ги, исто така, и мла­деш­ките копнежи, и стреми се кон праведноста, верата, љубовта, мирот со оние што Го повикуваат Господа од чисто срце!

23. Глупави и празни расправии избегнувај, знај дека тие породуваат кавги!

24. А слугата Господов не треба да вле­гува во расправии; туку да биде кроток кон сите, способен да поучува и да под­не­сува зло,

25. со кротост да ги превоспитува про­тив­ниците за да би можел Бог да им да­де покајание, за да ја познаат вистината,

Прочитајте целосна глава 2 Тимотеј 2