Нов Завет

2 Солуњаните 3:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Потоа, браќа, молете Му се на Бога за нас, та словото Господово да се распространува и да се слави на секое место, како и меѓу вас,

2. и да се избавиме од жестоки и злобни луѓе, бидејќи немаат сите вера.

3. Но верен е Господ Кој ќе ве утврди и запази од лукавиот.

4. Ние сме уверени за вас во Господ де­ка го вршите и дека ќе го вршите она што ви го заповедаме.

5. А Господ нека ги насочи срцата ва­ши право кон љубовта Божја и трпение­то Христово!

6. Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат кој живее не­уредно, а не според преданието што го добивте од нас!

7. Сами знаете како треба да се угледате на нас, бидејќи ние не живеевме неуредно кај вас,

Прочитајте целосна глава 2 Солуњаните 3