Нов Завет

2 Солуњаните 2:6-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Сега знаете што го задржа него да се открие во свое време.

7. Тајната на беззаконието веќе деј­ствува, само тоа нема да биде извршено додека не се отргне оној што ја за­др­жу­ва сега;

8. тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја и преку појавата на Своето доаѓање ќе го истреби.

9. Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде по дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чудеса,

10. и со секакво неправедно измамува­ње меѓу оние кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината та да би се спасиле.

11. И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат на лагата,

12. та да бидат осудени сите кои не по­веруваа во вистината, а ја засакаа не­правдата.

13. Ние, пак, сме должни да Му благодариме на Бога за вас секогаш, воз­љу­бе­ни од Господ браќа, затоа што од по­че­токот, преку осветувањето од Светиот Дух и преку верата во вистината, Бог ве избра за спасение,

14. кон кое ве повика преку нашето Евангелие за да ја придобиете славата на нашиот Господ Исус Христос.

15. И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание.

16. А сам Господ наш, Исус Христос, и Бог и Отец наш, Кој нѐ возљуби и преку благодатта Своја ни даде вечна утеха и добра надеж,

17. нека ги утеши срцата ваши и да ве утврди во секое слово и добро дело!

Прочитајте целосна глава 2 Солуњаните 2