Нов Завет

2 Петар 2:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А во народот имаше и лажни про­ро­си, како што и меѓу вас ќе има лажни учители, кои ќе внесат погубни ереси и, откако се одречат од Господ, Кој ги откупил, ќе навлечат врз себеси брза погибел.

2. И мнозина ќе појдат по нивните не­чистотии, и поради нив патот на висти­на­та ќе биде похулен.

3. И, побудувајќи ве од користољуби­вост, ќе ве привлекуваат со ласкави збо­рови; но нивното осудување е одамна готово, и нивната погибел не дреме.

4. Зашто Бог, кога не ги поштеди анге­лите што згрешија, туку ги фрли во пе­колот со вериги на мракот, ги предаде да бидат држани до судот;

5. и кога не го поштеди првиот свет, туку, кога нанесе потоп врз безбожниот свет, го запази само осумчленото семеј­ство на Ное, проповедникот на правдата;

6. и градовите Содом и Гомора ги осу­ди на разурнување и ги претвори во пе­пел, оставајќи ги како пример на идни­те безбожници,

7. а го избави праведниот Лот, кого го осрамотија беззакониците со нечистиот живот.

8. Зашто, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги без­за­конските дела, тој секојдневно ја из­мачуваше својата праведна душа;

Прочитајте целосна глава 2 Петар 2