Нов Завет

2 Петар 1:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Симон Петар, слуга и апостол на Исус Христос, до оние на кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос им се падна еднаква вера како и нам.

2. Благодатта и мирот со познавањето на Бог и Христос Исус, нашиот Господ, да ви се умножат.

3. Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној Кој нѐ повика со Својата слава и совршенство,

4. преку кои ни се дарувани многу го­леми и драгосени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа ако се оддалечите од гнилежот на овој свет;

5. затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење,

6. кон знаењето воздржување, кон воз­држувањето трпение, кон трпението побожност,

7. кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов.

8. Зашто, ако овие доблести ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве ос­та­ват празни, ниту бесплодни во позна­нието на нашиот Господ Исус Христос.

9. А кој ги нема овие доблести, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од поранешните гревови.

10. Браќа, затоа уште повеќе насто­ју­вај­те да го зајакнете вашиот позив и из­бор, зашто, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите,

11. бидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

12. Поради тоа секогаш ќе се трудам да ви ги напоменувам овие работи, иако ги знаете, и утврдени сте во сегашната вистина.

13. а и право е, додека сум во ова тело, да ве потсетувам,

14. бидејќи знам дека наскоро ќе го оставам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми откри.

Прочитајте целосна глава 2 Петар 1