Нов Завет

2 Коринтјаните 5:3-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. само, да се најдеме облечени, а не голи.

4. Зашто ние, кои се наоѓаме во овој шатор, воздивнуваме обременети; бидејќи не сакаме да бидеме соблечени, туку да се преоблечеме, та животот да го проголта смртното.

5. А Бог, Кој нѐ создаде токму за ова, ни даде и залог на Духот.

6. И затоа, секогаш сме спокојни, иако знаеме дека, сѐ додека живееме во телото, ние сме далеку од Господ,

7. бидејќи според верата живееме, а не според гледањето.

8. Но не се плашиме и сакаме што пос­коро да го напуштиме телото и да се прибереме кај Господ.

9. Па затоа и усрдно се грижиме да Му бидеме угодни, било кога престојуваме во телото, или кога го напуштаме;

10. зашто сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да прими што заслужил, според она што го из­вр­шил во телото свое, било добро или зло.

11. Така, знаејќи го стравот од Господ, ние ги уверуваме луѓето, а за Бога сме јавни: се надевам дека сум познат и на вашите совести.

12. Не се фалиме, пак, пред вас, туку ви даваме повод, вие да се фалите со нас, та да има, што да им речете на оние кои се фалат по лице, а не по срце.

13. Ако сме надвор од себе, тоа е заради Бога; ако сме присебни, тоа е поради вас.

14. Бидејќи љубовта Христова нѐ гони да го мислиме ова: кога еден умрел за сите, тогаш сите се умрени.

15. А Христос умре за сите, та живите да живеат не веќе за себеси, туку за Оној Кој умре за нив и воскресна.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 5