Нов Завет

2 Коринтјаните 4:7-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас.

8. Од секаде сме угнетувани, но не сме потиштени; во недоумица сме, не губи­ме надеж;

9. нѐ гонат, но не сме напуштени; нѐ кутнуваат, но ние не пропаѓаме.

10. И секогаш во телото наше ја но­си­ме смртта на Господ Исус, така што и животот Исусов да се открие во телото наше.

11. Зашто ние, живите, постојано се изложуваме на смрт заради Исус, та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело.

12. Така смртта дејствува во нас, а жи­вотот – во вас.

13. А, пак, бидејќи го имаме тој ист дух на верата, како што е напишано: „По­ве­рував и затоа говорев“, и ние веруваме, па затоа и говориме,

14. бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господ Исус и нас ќе нѐ вос­кресне преку Исус и ќе нѐ постави со вас.

15. Зашто сѐ е заради вас, та благодатта, намножена преку благодарноста на мнозина, да изобилува за славата Божја.

16. Затоа ние не паѓаме со духот; но, ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се обновува.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 4