Нов Завет

2 Коринтјаните 4:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Затоа, бидејќи по милоста Божја го имаме ова служење, ние со духот не паѓаме;

2. но се одрековме од прикриени срамни дела, не постапуваме со лукавство, ниту го изопачуваме словото Божјо, туку со јавувањето на вистината се препорачуваме на секоја човечка совест пред Бога.

3. Ако, пак, е и покриено нашето Евангелие, тоа е покриено за оние што пропаѓаат:

4. за оние, на кои богот од овој свет им ги заслепил нивните безверни умови, за да не ги осветли светлината на Благо­вес­ти­ето за славата на Христос, Кој е слика на невидливиот Бог.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 4