Нов Завет

2 Коринтјаните 2:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И така, решив во себе да не доаѓам кај вас со жалост,

2. зашто, ако јас ве нажалам, тогаш кој ќе ме зарадува, ако не оној кого сум го ожалостил?

3. Тоа исто и ви го напишав, та, кога ќе дојдам, да не ме ожалостат оние кои треба да ме зарадуваат; бидејќи сум уве­рен во сите вас дека мојата радост е радост и за сите вас.

4. Зашто од многу грижи и од тага на срцето ви пишував со многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја познаете преголемата љубов што ја имам кон вас.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 2