6. и спремни сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се исполни вашата послушност.
7. На надворешноста ли гледате? Кој е уверен во себе дека е Христов, нека размисли веднаш во себе дека, како што е тој Христов, така сме и ние Христови.
8. Бидејќи, кога би се пофалил и малку повеќе со нашата власт, која ни ја даде Господ за вашето изградување, а не за разорување, нема да се посрамам.
9. Но никој нека не помисли дека преку посланијата ве заплашувам,
10. бидејќи во посланијата свои, ќе рече некој, тој е строг и силен, но при личното присуство меѓу нас – слаб; проповедта негова ништо не вреди.
11. Таквиот нека знае дека, какви сме во зборовите во посланијата свои, кога отсуствуваме, такви сме и на дело кога присуствуваме.
12. Зашто не смееме да се вбројуваме или да се споредуваме со некои од оние што сами се препорачуваат; тие не разбираат дека се споредуваат сами со себе и се мерат само со себе.
13. Ние, пак, не без мерка ќе се пофалиме, туку според правилото на мерката што ни е определена од Бога, за да допреме сѐ до вас.
14. Зашто ние не посегаме преку својата мера, како да не сме стигнале до вас, и до вас со Евангелието Христово ние први допревме.
15. Не се фалиме безмерно со туѓите напори. А се надеваме дека со растењето на вашата вера меѓу вас и ние, по нашата мерка, ќе пораснеме во изобилие,
16. така што и подалеку од вас да го проповедаме Евангелието, а не да се фалиме со готовото во туѓа област.