Нов Завет

2 Коринтјаните 10:3-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. Зашто, иако во тело живееме, те­лес­но не се бориме.

4. Оружјето на нашето војување не е телесно, но со помошта Божја станува моќно за рушење тврдини; со него ние уништуваме мудрувања,

5. и секоја горделивост, што се крева против познанието за Бога, и го заробуваме секој ум за да Му биде покорен на Христа;

6. и спремни сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се исполни ва­шата послушност.

7. На надворешноста ли гледате? Кој е уверен во себе дека е Христов, нека размисли веднаш во себе дека, како што е тој Христов, така сме и ние Христови.

8. Бидејќи, кога би се пофалил и малку повеќе со нашата власт, која ни ја даде Господ за вашето изградување, а не за разорување, нема да се посрамам.

9. Но никој нека не помисли дека преку посланијата ве заплашувам,

10. бидејќи во посланијата свои, ќе рече некој, тој е строг и силен, но при лич­но­то присуство меѓу нас – слаб; проповедта негова ништо не вреди.

11. Таквиот нека знае дека, какви сме во зборовите во посланијата свои, кога отсуствуваме, такви сме и на дело кога присуствуваме.

12. Зашто не смееме да се вбројуваме или да се споредуваме со некои од оние што сами се препорачуваат; тие не раз­бираат дека се споредуваат сами со себе и се мерат само со себе.

13. Ние, пак, не без мерка ќе се пофалиме, туку според правилото на мерката што ни е определена од Бога, за да доп­реме сѐ до вас.

14. Зашто ние не посегаме преку својата мера, како да не сме стигнале до вас, и до вас со Евангелието Христово ние први допревме.

15. Не се фалиме безмерно со туѓите напори. А се надеваме дека со растењето на вашата вера меѓу вас и ние, по на­шата мерка, ќе пораснеме во изобилие,

16. така што и подалеку од вас да го проповедаме Евангелието, а не да се фалиме со готовото во туѓа област.

17. „Кој се фали, со Господ да се фа­ли!“

18. Зашто, не е признаен оној што са­миот себе се препорачува, туку оној ко­го што Господ го препорачува.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 10