Нов Завет

2 Коринтјаните 1:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. а и надежта наша за вас е цврста, се утешуваме ли, се утешуваме за ваша утеха и спасение, знаејќи дека како што учествувавте во нашите страдања, така ќе бидете учесници и во утехата.

8. Браќа, не сакаме да ја затаиме не­волјата што нѐ снајде во Азија; дека бевме оптоварени прекумерно, дури преку нашите сили, ние не се надевавме ни живи да останеме.

9. Туку сами во себе ја примивме смртната пресуда за да не се надеваме во себе, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 1