Нов Завет

2 Коринтјаните 1:13-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Зашто друго не ви пишуваме, освен она што го читате и разбирате, па се на­деваме дека и до крај ќе го разберете,

14. како што веќе донекаде и разбравте дека ние сме ваша пофалба, како и вие наша, во денот на нашиот Господ Исус Христос.

15. И со таа увереност се готвев да дојдам кај вас порано, та повторно да примите благодат,

16. и преку вас да заминам за Маке­до­нија, а од Македонија пак да дојдам кај вас, та вие да ме придружите до Јудеја.

17. Но, сметајќи го ова, можеби лесно­мислено постапив? Или, пак, што се наканував, по телото ли се наканував, та моето „Да“ да биде и „Не?“

18. Но Бог е сведок дека нашиот збор до вас не беше „Да“ и „Не“.

19. Зашто Синот Божји, Исус Христос, Кого Го проповедавме меѓу вас јас и Силван и Тимотеј, не беше „Да“ и „Не“, туку во Него беше „Да“,

20. бидејќи сите ветувања Божји во Него се „Да“, и во Него „Амин“, за сла­ва Божја преку нас.

21. Бог е Оној Кој нѐ утврди со вас во Христос и нѐ помаза;

22. Тој и нѐ запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши.

23. А јас Го повикувам Бога за сведок на мојата душа дека, штедејќи ве вас, не дојдов во Коринт досега;

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 1