Нов Завет

1 Тимотеј 6:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Оние, кои се наоѓаат под јарем, ро­бовите, господарите свои нека ги сметаат како достојни за секаква по­чест, за да не се хули името Божјо и учењето.

2. Оние, пак, кои имаат господари што поверувале, нека не презираат зашто се верници; туку со поголема усрдност да служат, бидејќи тие што ги добиваат нивните услуги се верни и возљубени. Така поучувај и советувај!

3. Кој поучува инаку и не оди по здра­вите зборови на нашиот Господ Исус Христос и според учењето за бла­го­чес­носта,

4. тој е помрачен од горделивоста. Не знае ништо и е болен од празни препирки и распрашувања, од кои произлегуваат зависта, карањето, хулењето, ло­шите мисли;

5. залудни препирки меѓу луѓето што имаат изопачен ум, лишени се од вистината; тие мислат дека побожноста слу­жи за трговија. Бегај од такви!

6. А голема печалба е, навистина, да биде човек благочестив и задоволен со себе.

7. Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека не можеме и ништо да однесеме.

8. Но кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни.

9. А оние што сакаат да се збогатува­ат, паѓаат во искушение, во стапици и во многу неразумни и штетни страсти, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел.

10. Зашто коренот на сите зла е среброљубието, на што некои му се пре­да­доа, се отклонија од верата и си нав­ле­коа многу маки.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 6