Нов Завет

1 Тимотеј 1:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Павле, апостол на Исус Христос, по повелба на Бога нашиот Спа­си­тел и Господ Исус Христос, нашата на­деж,

2. до Тимотеј, вистинското чедо по ве­ра. Благодат, милост и мир од Бог Отецот наш и Христос Исус нашиот Гос­под!

3. Како што на тргнување за Ма­ке­до­нија те молев да останеш во Ефес да им заповедаш на некои да не проповедаат друго учење,

4. и да не се занимаваат со басни и бес­крајни родословија, кои повеќе предизвикуваат расправии, отколку Божјо устројство во верата.

5. А целта на оваа заповед е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера.

6. Некои, откако не ги постигнаа тие работи, се оддадоа во празнословија,

7. и сакаат да бидат учители по За­ко­нот, но не разбираат ни што зборуваат, ниту што тврдат.

8. А ние знеме дека Законот е добар, ако некој законски го применува.

9. Знаејќи дека Законот не е установен за праведник, туку за беззаконици и не­по­корници, за нечестиви и за грешници, за неправедни и осквернители, за таткоубијци и мајкоубијци, за човекоубијци,

10. за блудници, за мажеложници, тр­говци со робје, клетвопрестапници, скотоложници, лажливци, и за сѐ друго, што е спротивно на здравата наука,

11. според славното Евангелие на бла­жениот Бог, кое ми е мене доверено.

12. Му благодарам на Христос Исус, нашиот Господ, Кој ми даде сили, заш­то сметаше дека заслужувам доверба, кога мене ме постави на служба,

13. мене, кој порано бев хулител, гонител и насилник; но ме помилува, би­деј­ќи тоа го правев без да знам, во неве­рие.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 1