Нов Завет

1 Солуњаните 2:10-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Сведоци сте вие, како и Бог, дека свето, праведно и беспрекорно постапувавме пред вас, кои верувате.

11. Зашто знаете дека секого од вас, како татко децата свои,

12. ние го поттикнувавме и утешувавме и преколнувавме да живее достојно за Бога, Кој ве повикал во Своето царство и слава.

13. Затоа и непрестано Му благодариме на Бога, зашто, откако го при­мив­те словото Божјо од нас, го при­мив­те не како слово човечко, туку – како што е – слово Божјо, кое и дејствува во вас, кои верувате.

14. Вие, браќа, станавте подржаватели на Божјите цркви во Христос Исус, што се во Јудеја, бидејќи и вие исто така претрпевте од своите сонародници, како и оние од Јудејците

15. што ги убија Господ Исус и пророците, и нас нѐ избркаа, и на Бога не Му угодија, и на сите луѓе им се противат;

16. тие што ни пречат да им зборуваме на незнабошците, за да се спасат и со тоа секогаш ги дополнуваат гревовите свои; но гневот ги достигна на крај.

17. А ние, браќа, откако бевме одвоени од вас за кратко време, далеку од очи, но не и од срце, со уште поголема жел­ба се грижевме да ве видиме.

18. Поради тоа, ние, а најмногу јас, Павле, неколкупати посакавме да дој­де­ме кај вас; но нѐ попречи сатаната.

19. Зашто, кој е нашата надеж или ра­дост, или венец за пофалба? Та не сте ли вие пред нашиот Господ Исус Хрис­тос при Неговото доаѓање?

20. Да, вие сте нашата слава и радост!

Прочитајте целосна глава 1 Солуњаните 2