Нов Завет

1 Солуњаните 2:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Вие сами знаете, браќа, дека наше­то доаѓање кај вас не беше залудо;

2. напротив, откако пострадавме и бев­ме поругани во Филипи, како што зна­ете, ние се охрабривме во нашиот Бог да ви Го проповедаме Божјото Еван­ге­лие со тешка борба.

3. Зашто нашиот поттик не произлегува ни од заблуда, ниту од нечисти побуди, ниту од лукавство,

4. туку, како што Бог нѐ удостои да ни Го довери Евангелието, така и зборува­ме – не за да им угодуваме на луѓето, ту­ку на Бога, Кој ги испитува срцата на­ши.

5. Зашто никогаш не сме се послужиле со ласкави зборови, како што знаете; ниту со помисли за корист: Бог е сведок!

6. И не баравме слава од луѓе – ниту од вас, ниту од други,

7. иако можевме и да се наметнеме ка­ко Христови апостоли. Но сепак ние бевме меѓу вас така нежни, како што се однесува мајката кога ги дои своите деца.

8. Така полни со љубов кон вас, бевме готови да ви го предадеме не само Еван­гелието Божјо, туку и душите свои, зашто ни станавте драги.

9. Спомнете си браќа за нашиот труд и мака: работејќи дење и ноќе за да не му додеваме никому од вас, ние ви Го про­поведавме Евангелието Божјо.

10. Сведоци сте вие, како и Бог, дека свето, праведно и беспрекорно постапувавме пред вас, кои верувате.

11. Зашто знаете дека секого од вас, како татко децата свои,

Прочитајте целосна глава 1 Солуњаните 2