Нов Завет

1 Солуњаните 1:6-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. И вие се угледавте на нас и на Гос­под, кога во големи маки го примивте словото со радост на Светиот Дух,

7. така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја.

8. Зашто од вас одекна словото Гос­по­дово не само во Македонија и Ахаја, ту­ку и во секое место се пронесе славата за верата во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме.

9. Впрочем, верниците сами разгласуваат за нас, за нашето доаѓање кај вас, и како од идолите се обративте кон Бога за да Му служите на живиот и вистин­ски Бог,

10. и да Го очекувате од небесата Него­виот Син, Кого Тој Го воскресна од мртвите, Исус, Кој нѐ избавува од гне­вот што доаѓа.

Прочитајте целосна глава 1 Солуњаните 1