Нов Завет

1 Петар 4:11-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. Ако некој говори, нека знае дека зборува Божји зборови; ако некој слу­жи, нека служи според силата која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог преку Исус Христос, чија слава и вла­де­ење се вечни. Амин.

12. Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа за да ве испита, како нешто необично да ви се случува.

13. Напротив. Ако учествувате во стра­дањата Христови, тогаш радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се зарадувате и развеселите.

14. А ако ве укоруваат поради името Христово, блажени сте, зашто Духот на славата, Духот Божји почива на вас: тие, значи, на Него хулат, а вие – Го прославувате.

15. Никој, пак, од вас да не страда како убиес, или крадец, или злосторник, ни­ту како оној што се меша во туѓи ра­бо­ти;

16. но, ако страда како христијанин, да не се срамува, туку да Го прославува Бога за такво учество.

17. Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие?

18. И кога праведникот одвај се спасува, тогаш што ќе стане од безбожни­ци­те и грешниците!?

19. И така, оние што страдаат според волјата на Бога, нека Му ги предадат Нему, како на верен Создател, душите свои, правејќи добро.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 4