Нов Завет

1 Петар 1:9-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. примајќи ја крајната цел на вашата вера – спасението на душите.

10. Тоа спасение го бараа и испитуваа пророците што прорекоа за вашата бла­годат.

11. Откако испитаа, во кое или какво време им јавуваше Духот Христов од­напред, Кој беше во нив, сведочејќи за Христовите страдања и славата која иде по нив;

12. ним им беше откриено дека тие не за самите себе служат, туку за вас со она што ви се јави сега вам преку оние кои го проповедаа Евангелието од не­бо­то преку Светиот Дух, и во кое копнеат да ѕирнат ангелите.

13. Поради тоа, возљубени, препашете ги колковите на умот свој, бидете бодри и имајте селосна надеж дека ќе ви се принесе благодатта при јавувањето на Исус Христос.

14. Како послушни чеда, не постапувај­те веќе според поранешните ваши по­хо­ти, кога бевте во незнаење.

15. Но, по примерот на Светиот, Кој ве повика, и вие самите бидете свети во си­те ваши постапки.

16. Зашто напишано е: „Бидете свети, бидејќи Јас сум свет.“

17. Ако Го нарекувате Отец Оној, Кој непристрасно секому му суди според де­лата, тогаш поминувајте го времето на својот живот во страхопочит,

18. знаејќи дека со пропадливо сребро или злато не сте искупени од суетниот живот, кој ви се предаде од татковците ваши,

19. туку со скапоцената крв на непо­рочното и чисто Јагне – Христос,

20. Кој беше предназначен уште пред создавањето на светот, а се јави во пос­ледно време заради вас,

21. кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, та верата ваша и надежта да ви бидат во Бога.

22. Откако ги очистивте душите свои со послушност кон вистината преку Духот, за нелицемерно братољубие, са­кајте се еден со друг постојано со чис­то срце,

23. како преродени не од распадливо семе, туку од вечно преку словото на живиот Бог, Кој живее во сите векови.

24. Зашто телото е како трева, и секоја човечка слава – како цвет од трева: се исушува тревата, и цветот нејзин паѓа;

Прочитајте целосна глава 1 Петар 1