Нов Завет

1 Петар 1:7-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. та вашата вера испитана да излезе подрагоцена од нетрајното злато, кое сепак се испробува преку оган, за по­фалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос,

8. Кого Го сакате, иако не сте Го ви­де­ле, и во Кого верувајќи сега, а не гледај­ќи Го, се радувате со неискажлива и славна радост,

9. примајќи ја крајната цел на вашата вера – спасението на душите.

10. Тоа спасение го бараа и испитуваа пророците што прорекоа за вашата бла­годат.

11. Откако испитаа, во кое или какво време им јавуваше Духот Христов од­напред, Кој беше во нив, сведочејќи за Христовите страдања и славата која иде по нив;

12. ним им беше откриено дека тие не за самите себе служат, туку за вас со она што ви се јави сега вам преку оние кои го проповедаа Евангелието од не­бо­то преку Светиот Дух, и во кое копнеат да ѕирнат ангелите.

13. Поради тоа, возљубени, препашете ги колковите на умот свој, бидете бодри и имајте селосна надеж дека ќе ви се принесе благодатта при јавувањето на Исус Христос.

14. Како послушни чеда, не постапувај­те веќе според поранешните ваши по­хо­ти, кога бевте во незнаење.

15. Но, по примерот на Светиот, Кој ве повика, и вие самите бидете свети во си­те ваши постапки.

16. Зашто напишано е: „Бидете свети, бидејќи Јас сум свет.“

17. Ако Го нарекувате Отец Оној, Кој непристрасно секому му суди според де­лата, тогаш поминувајте го времето на својот живот во страхопочит,

Прочитајте целосна глава 1 Петар 1