Нов Завет

1 Петар 1:19-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

19. туку со скапоцената крв на непо­рочното и чисто Јагне – Христос,

20. Кој беше предназначен уште пред создавањето на светот, а се јави во пос­ледно време заради вас,

21. кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, та верата ваша и надежта да ви бидат во Бога.

22. Откако ги очистивте душите свои со послушност кон вистината преку Духот, за нелицемерно братољубие, са­кајте се еден со друг постојано со чис­то срце,

23. како преродени не од распадливо семе, туку од вечно преку словото на живиот Бог, Кој живее во сите векови.

24. Зашто телото е како трева, и секоја човечка слава – како цвет од трева: се исушува тревата, и цветот нејзин паѓа;

25. но словото Господово останува засекогаш. А тоа слово е Евангелието што ви беше објавено.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 1