19. туку со скапоцената крв на непорочното и чисто Јагне – Христос,
20. Кој беше предназначен уште пред создавањето на светот, а се јави во последно време заради вас,
21. кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, та верата ваша и надежта да ви бидат во Бога.
22. Откако ги очистивте душите свои со послушност кон вистината преку Духот, за нелицемерно братољубие, сакајте се еден со друг постојано со чисто срце,
23. како преродени не од распадливо семе, туку од вечно преку словото на живиот Бог, Кој живее во сите векови.