Нов Завет

1 Петар 1:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Петар, апостол на Исус Христос, до повратниците распрснати по Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витанија,

2. избрани по предзнаењето на Бог Отецот, и осветени од Духот за пос­луш­ност и попрскување со крвта на Исус Христос: да ви се умножат благодатта и мирот!

3. Благословен е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој по својата голема милост нѐ прероди преку воскресението на Исус Христос од мртвите за жива надеж,

4. за наследство што не пропаѓа, чисто, кое не свенува, запазено на небесата за вас,

5. кои Божјата сила преку верата ве сочувала за спасение, приготвено да се открие во последното време.

6. Затоа радувајте се, макар што можеби сега ќе треба малку и да тагувате поради разновидни искушенија,

7. та вашата вера испитана да излезе подрагоцена од нетрајното злато, кое сепак се испробува преку оган, за по­фалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос,

Прочитајте целосна глава 1 Петар 1