Нов Завет

1 Коринтјаните 9:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Кој војувал некогаш на своја сметка? Кој сади лозје, а не јаде од неговиот плод? Или кој пасе стадо, а не пие од неговото млеко?

8. Зар го зборувам ова само како чо­век? Не го вели ли истото и Законот?

9. Бидејќи во Мојсеевиот закон е на­пи­шано: „Не врзувај ја устата на вол што врши.“ Зар Бог се грижи за воловите?

10. Или го вели тоа, главно, за нас? – Да, за нас е напишано тоа; зашто, оној што ора, треба да ора со надеж, и кој врши, да врши со надеж дека ќе го до­бие она што го очекува.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 9