Нов Завет

1 Коринтјаните 9:22-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

22. За слабите станав слаб, за да ги придобијам слабите. За сите станав сѐ, та на каков и да било начин да спасам некои од нив.

23. А ова го правам поради Еван­гелието за да бидам соучесник во него.

24. Не знаете ли дека оние што се натпреваруваат на стадион, трчаат сите, но само еден добива награда? Па така тр­чајте и вие, за да добиете.

25. Секој натпреварувач се воздржува од сѐ: тие – за да добијат распадлив ве­нец, а ние – нераспадлив.

26. Јас, пак, така трчам, но не како без цел; не се борам како оној што удира по ветар,

27. туку го истоштувам и го поробувам телото, та проповедајќи им на другите, да не бидам и самиот отфрлен.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 9