Нов Завет

1 Коринтјаните 9:21-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. за оние што се без закон, станав како да сум без закон, иако пред Бога не сум без Закон, туку сум под Законот на Христос, за да ги придобијам и оние што се без закон.

22. За слабите станав слаб, за да ги придобијам слабите. За сите станав сѐ, та на каков и да било начин да спасам некои од нив.

23. А ова го правам поради Еван­гелието за да бидам соучесник во него.

24. Не знаете ли дека оние што се натпреваруваат на стадион, трчаат сите, но само еден добива награда? Па така тр­чајте и вие, за да добиете.

25. Секој натпреварувач се воздржува од сѐ: тие – за да добијат распадлив ве­нец, а ние – нераспадлив.

26. Јас, пак, така трчам, но не како без цел; не се борам како оној што удира по ветар,

27. туку го истоштувам и го поробувам телото, та проповедајќи им на другите, да не бидам и самиот отфрлен.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 9