Нов Завет

1 Коринтјаните 9:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Не сум ли јас апостол? Не сум ли јас слободен? Не Го видов ли Исус Христос, нашиот Господ? Не сте ли вие мое дело во Господ?

2. Ако за други не сум апостол, за вас сепак сум. Бидејќи вие сте печатот на моето апостолство во Господа.

3. Ова е мојата одбрана против оние што ме осудуваат:

4. Зар немаме право да јадеме и да пи­еме?

5. Зар немаме право да водиме со себе сестра, жена верничка, како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа?

6. Или само јас и Варнава немаме пра­во на издршка?

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 9