Нов Завет

1 Коринтјаните 6:8-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. Но вие сами навредувате и нанесува­те неправда и ограбувате, и тоа браќата свои.

9. Или не знаете дека неправедните не­ма да го наследат царството Божјо? Не лажете се: ни блудниците, ниту идоло­поклониците, ни ракоблудците, ни ма­желожниците,

10. ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни раз­бојниците нема да го наследат царството Божјо.

11. А такви беа и некои од вас; но се измивте, се осветивте, се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос преку Духот на нашиот Бог.

12. „Сѐ ми е допуштено!“ Но не е сѐ по­лезно: „Сѐ ми е допуштено!“ Но ништо не сакам да завладее над мене.

13. Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог и неа и него ќе ги уништи. Телото, пак, не е за блудство, а за Господ, а Господ – за телото.

14. А Бог и Господа Го воскресна, и нас ќе нѐ воскресне со силата Своја.

15. Зар не знаете дека телата ваши се делови од Христа? Ќе ги земам ли де­ловите од Христа и да ги направам де­лови на блудница? Тоа никако!

16. Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно те­ло со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“

17. А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него.

18. Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело.

19. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не при­па­ѓа­те само на себе?

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 6