Нов Завет

1 Коринтјаните 6:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Дали некој од вас, кога има спор против друг, би се осмелил да се суди пред неправедни, а не пред светии?

2. Не знаете ли дека светиите ќе го су­дат светот? Ако, пак, вие го судите светот, не сте ли достојни да судите за по­мали работи?

3. Не знаете ли дека ангели ќе судиме, а не, пак, она секојдневното?

4. А кога имате спор за работи од овој свет, за судии земете ги оние кои од црквата се сметаат за безначајни!

5. За ваш срам велам: зарем меѓу вас нема мудар, кој може да расуди меѓу браќата свои?

6. Туку брат со братот се суди, и тоа пред неверници!

7. Многу срамно е веќе тоа и за вас што имате спорови меѓу себе. Зошто поскоро не трпите неправда? Зошто поскоро не ја претрпите штетата?

8. Но вие сами навредувате и нанесува­те неправда и ограбувате, и тоа браќата свои.

9. Или не знаете дека неправедните не­ма да го наследат царството Божјо? Не лажете се: ни блудниците, ниту идоло­поклониците, ни ракоблудците, ни ма­желожниците,

10. ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни раз­бојниците нема да го наследат царството Божјо.

11. А такви беа и некои од вас; но се измивте, се осветивте, се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос преку Духот на нашиот Бог.

12. „Сѐ ми е допуштено!“ Но не е сѐ по­лезно: „Сѐ ми е допуштено!“ Но ништо не сакам да завладее над мене.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 6